Со првиот снег „Комуналец„ на терен
Со паѓањето на првиот снег дежурните екипи на Комуналец излегоа на терен синоќа уште во 21.00 часот. Согласно Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид се делуваше по приоритет на улици и реони со специјалните возила кои претходно беа ставени во состојба на приправност. Коловозите се посипуваа со мешавина од сол и ризла за непречено одвивање на сообраќајот. Интервенирано е со 9м3 абразивни средства по улиците од Стар Град, населба „Гоце Делчев„-„Бараки„ и сообраќајниците од градот.