Се реконструира „Паркот на пријателство„

„Паркот на пријателство„ лоциран покрај пешачката патека канал „Билјанини Извори„-Горица 1, деновиве се реконструира од страна на екипите на „Паркови и зеленило„. Во паркот се поставува систем за наводнување со што трајно ќе се реши понатамошното одржување на ова парковско решение. Заради изведување на градежните работи привремено ќе бидат отстранети мермерните плочи кои го симболизираат збратимувањето и пријателството на Охрид со многу други градови од светот.

IMG10343

IMG10344

 

IMG10342

 

Со овој зафат ќе се стави во функција тековното одржување на „Паркот на пријателство„ до реализација на неговиот конечен изглед.

Share