Се расчистува делницата Охрид-Дебарца
Од денеска продолжуваме со акциите за расчистување на расфрланиот отпад покрај магистралниот пат Охрид-Скопје, на потегот од сообраќајната клучка до општина Дебарца. На оваа делница покрај рачното расчистување на комуналниот отпад кое се изведува со 10 комунални работници, се расчистуваат и мини депонии од градежен шут со ангажирање на специјална механизација. Поради несовесно и деградирачко однесување на поединци, во непосредна близина на коловозните ленти се создадени голем број мини депонии од градежен шут.
Изминатата сабота се заврши акцијата за расчистување на делницата Охрид -Св.Наум во должина од 30км. Собрани се и подигнати 320 вреќи комунален отпад (пластика, хартија, лименки и др.).