Се чисти крајбрежниот појас

Ј.П. “Охридски Комуналец” Охрид денеска во 5 часот започна акција за багеровање и отстранување на наносите на муљ на потегот пред хотел “Милениум”. Овај муљ се јавува како резултат на нискиот водостој на Охридското Езеро и поради периодот на скапување на езерските алги.

Паралелно со ова рачно се чистеше езерото и пред хотел “Палас” од наноси на окрек и реса, на кое место редовно преку цела година се собира трска, реса , окрек.
Во акцијата на расчистување по предходен налог од Комуналната инспекција учествуваа Р.Е. “Механизација” и Р.Е. “Јавна Хигиена” при што беа отстранети 30 м3 муљ и алги.

5

 

4

 

1

Share