Рекордни количини отпад на кејот
Силниот ветер од јужен правец кој дува од синоќа, донесе нови рекордни количини отпад на градскиот кеј. Ангажирани се 20 вработени кои од 4.00 часот рано утрово се на терен и во речиси невозможни услови, под силниот налет од бранови и ветар, ги расчистуваат наносите од отпад. Натрупаниот отпад утрово е во рекордни количини и досега се подигнати околу 80 м3 отпад.
Ангажирано е и специјално возило ИЦБ, како и 3 камиони за утовар и транспорт на отпадот
Со оглед на најавите за продолжување на неповолните временски услови проследени со силен ветар, остануваме мобилизирани.