Реконструкција на дрворедот на „Булевар Туристичка„

Екипите на „Паркови и зеленило„  продолжија со акцијата за уредување на дрворедите   во градот. Улицата „Јане Сандански„ е завршена, а од денес се уредува дрворедот по „Булевар Туристичка„. На потегот од новиот кружен тек до спортската сала се изврши кастрење и кроење на гранките, како и сечење на старите, суви и уништени гранки, согласно претходна проценка од наши стручни лица.

Засадени се и 4 нови садници од видот јавор. Во наредните денови се продолжува со другите делови од „Булевар Туристичка„ кои ќе се уредуваат етапно.

 

 

 

 

 

 

 

 

Share