Пролетни акции на повеќе локации во градот
Екипите на “Јавна Хигиена” оваа недела реализираат голем број активности за пролетно дотерување на градот.
По градскиот кеј и паркот се врши санација и замена на оштетените корпи за ситен отпад.
Во целата должина на “Булевар Туристичка” темелно се расчистуваат граничниците покрај коловозите и одливните шахти од обраснатата трева, натрупан песок, земја и друг вид отпад.
Друга локација на која интензивно се работи деновиве е стариот дел од градот каде се врши косење на тревата на градското кале.
Сите овие активности се одвиваат согласно Програмата за работа за 2013 год. со цел подигнување на степенот на јавна чистота и јавно зеленило.