Нападнати вработени од Комуналец

Утрово околу 6.15 h двајца вработени во „Јавна Хигиена„, извршувајќи ги своите секојдневни работни обврски се нападнати од страна на две непознати лица. Едниот работник е нападнат на ул.„Никола Карев„ пред маркетот „Стоп Шоп„,  а потоа насилниците бегајќи го пресретнале другиот работник кој ги празнел корпите  за ситен отпад на ул.„Булевар Туристичка„ , во близина на Гимназијата, па го нападнале и него. Вработените од силните удари се здобиле со тешки телесни повреди и веднаш се пренесени во Општа болница-Охрид, каде им е укажана лекарска помош.

Случајот е пријавен во СВР-Охрид и очекуваме брзо пронаоѓање на насилниците и соодветни санкции.

Share