Комуналец со реакција по изјавите на Алче дека „не се чисти и не се коси„
Во реакцијата од екс директорот на Ј.П.„Охридски Комуналец„ Сашо Алче која беше објавена во Вашиот медиум, беа изнесени голем број невистини околу тековното работење на јавното претпријатие по неговата смена.
Со најголема одговорност тврдиме дека екипите на „Јавна Хигиена„ и „Услужна Хигиена„ се максимално ангажирани и ажурно и квалитетно ги изведуваат, како тековните, така и голем број вонреднии активности, со цел степенот на јавна хигиена и одржување на јавно зеленило да е на ниво како што му доликува на Охрид, како наш најголем туристички потенцијал.
На одржувањето на јавната и услужната хигиена во стариот дел од градот се обраќа посебно внимание. На секоја улица е извршено косење, метење, подигнат е шут и друг вид отпад. Улиците „Коста Абраш„ , „Илинденска„, „ Цар Самоил„ и „Кузман Капидан„ се третираат секојдневно, а другите улици од стариот дел од градот спаѓаат во втора и трета категорија, според Програмата за работа за 2013 год.
Нашите екипи направија фотографии од повеќе улици од стариот дел од градот од кои може да се заклучи дека навистина се одржува јавната хигиена и зеленило.
ул.„Браќа Миладиновци„
ул.„Кочо Рацин„
ул.„Григор Прличев„
двор од ОУ.Климент Охридски
ул.„Климентов Универзитет„
ул.„Нада Филева„
ул.„Кирил и Методиј„