„Комуналец„ работно им ја честита новата школска година
Екипите на „Јавна Хигиена„ утрово од 5,00 часот се на терен и ги метат пристапните патеки, школските дворови и просторот околу градинките, основите и средните училишта во градот. Изминативе две недели, по налог на општина Охрид, генерално се чистеа и хортикултурно се уредуваа повеќето дворови од образовните институции со чистење, косење, кроење на крошните од дрвјата, засадување на украсни садници и цвеќа.
На овој начин им посакуваме успешен старт во новата школска година на нашата најмлада популација.