Контејнерите од „Булевар Туристичка„ дислоцирани по споредните улици

Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги известува граѓаните на општина Охрид дека по барање на  Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште, контејнерите од „Булевар Туристичка„ не се повлечени, туку истите се дислоцирани.

Заради непречено движење на велосипедистите по велосипедската патека во целата должина на „Булевар Туристичка„ , контејнерите од оваа сообраќајница се  дислоцирани во најблиските комплекси и споредни улици околу „Булевар Туристичка„.

Дежурниот телефон во Р.Е.Механизација 046/265-353  им стои 24 часа на располагање на граѓаните, каде може да се информираат детално за новата локација на контејнерите.

Share