Акција за зелен отпад Македонски Просветители-Партизанска-Димитар Влахов-Кеј Маршал Тито-Охридати
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 13.04.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.) од реонот опфатен со улиците „Македонски Просветители„, „Партизанска„, „Димитар Влахов„, „ Кеј Маршал Тито„ и населба „Охридати„.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.