Акција за чистење на патниот правец Косел-Ливоишта
По барање на месното население од село Вапила, Ј.П.„Охридски Комуналец„ денес спроведе акција за расчистување на расфрлан отпад покрај патниот правец Косел-Ливоишта. Иако овој патен правец е магистрален пат за чие одржување е надлежен „Македонија Пат„ , во интерес на граѓаните, со цел да излеземе во пресрет на нивнте барања, пристапивме кон расчистување на овој потег. Ангажирани беа 10 работници и подигнати се 50 вреќи отпад (најзастапена: пластика, хартија и зелен отпад).