Акција за чистење на магистралниот пат од аеродром до Охрид

Почнувајќи од 16.01.2013 год. (среда), Ј.П.„Охридски Комуналец“ започна акција за расчистување на расфрланиот отпад (градежен шут и друг цврст отпад) покрај магистралниот пат Охрид-Скопје, на потегот од надвозникот кај влезот во Охрид до аеродромот. Иако надлежно за одржување на магистралните патишта е  државното јавно претпријатие „ Македонија пат“, грдата слика на расфрлан отпад на влезот во нашиот туристички центар  не треба да е пред очите на граѓаните. Затоа нашето претпријатие со сопствени средства, вработени и механизација го расчистува овој потег. Поради големите количини на отпад, во првиот ден од акцијата се расчистуваше потегот од надвозникот до „Св.Еразмо„ и подигнати се околу 80 вреќи отпад, а во наредните денови ќе се продолжи до аеродромот.

 вака изгледаше појасот покрај магистралниот пат пред акцијата

 

во текот на вчерашниот  ден собрани се 80 вреќи отпад

 

 

Share