Зголемени активности за подигнување на окрекот

Деновиве заради засилениот југозападен ветар и процесот на скапување на алгата, службите на „Јавна Хигиена„ имаат зголемени активности за расчистување на градскиот кеј и крајбрежниот појас од натрупаниот окрек. На потегот од градското пристаниште до холандскиот парк секојдневно се подигнува окрек (околу 3 м3) и реса (4 м3), пришто покрај рачното расчистување, се користи и специјално возило за чистење на септички јами, со кое окрекот директно се  вшмукува од езерските води. Активностите се извршуваат уште од раните утрински часови како не би им попречувале на прошетките на многубројните туристи.  

 

 

 

 

Share