Со џип преку кружниот тек

Нецел месец откако е ставено во функција кружното сообраќајно решение во близина на спортскиот центар „Билјанини Извори„ и откако Ј.П.„Охридски Комуналец„ хортикултурно го среди овој простор, истиот е  деградиран. Непознати сторители поминале на сред треванта површина со сообраќајно средство (најверојатно со џип) со што е уништена тревата, сезонското цвеќе и неколку украсни дрвца, а исто така се искршени и неколку украсни ќупови. Нашите екипи веднаш го санираа просторот и засадени се нови садници, но се прашуваме каков впечаток ќе остави овој немил настан кај многубројните туристи.

 

 

Во овој продолжен празничен викенд Ј.П.Охридски Комуналец веднаш излезе на терен за да се санира направената штета, но останува  ангажманот на другите надлежни органи кои треба да ги пронајдат сторителите и против истите да  се превземат соодветни мерки.

Share