Со повисока еколошка свест до почисти плажи
Во текот на летнава сезона нашите служби максимално се ангажирани во одржувањето на јавната хигиена и јавното зеленило, како во централното градско подрачје , така и во периферните делови, со ставање посебен акцент на туристичките населби. Но загрижува фактот што кај поединци еколошкиот степен на развиеност е на најниско ниво и отпатод се расфрла каде ќе се стигне. Воопшто не се почитува Законот за јавна чистота, а недостасуваат и ригорозните казни на инспекциските служби и надлежните органи. По туристичките населби и плажите кои не се дадени под концесија посебен проблем претставуваат така наречените еднодневни туристи кои сиот отпад го оставаат зад себе. Апелираме дека е крајно време да проработи еколошката свест кај граѓаните зошто негативниот впечаток кој го оставаат кај многубројните туристи, не може никој да го исчисти, оставјќи само по себе трајни последици за идните генерации.