Со работа во две смени за уредување на тревните површини

Екипите на Ј.П. Охридски Комуналец од Јавна Хигиена и Јавно Зеленило воведоа 2-сменско работење во своето работење со што ќе се овозможи извршување на работните обврски со максимално и ефективно искористување на машините и работната сила.

Ова беше потребно заради зголемениот обем на работа во пресрет на туристичката сезона и зголемениот прилив на гости кои го посетуваат градот Охрид но и пошироката околина на општината на кои треба да им се овозможи пријатен престој.

Во заедничка акција на ЈП Охридски Комуналец и Локалната самоуправа на општина Охрид екипите од Јавна Хигиена и Јавно Зеленило извршуваат косење и уредување на тревните површини во околните населени места кои припаѓаат на општина Охрид, а се работи и во самото градско подрачје.

Досега е завршено со уредувањето на тревните површините во Љубаништа, Трпејца, Пештани, Елшани, Лагадин, Коњско а денес ќе се изврши во Рача, а попладне на ул.Асном и ул.Сирма Војвода. Секојдневното уредување и косење на тревните површини на целото градско подрачје со воведувањето на работа во две смени се одвива несметано.

Share