Првиот снег падна, екипите на Комуналец веднаш на терен
По синоќешните врнежи од снег, екипите од Ј.П.”Охридски Комуналец” веднаш пристапија кон расчистување на коловозите, каде поради ниските темперарури се јави опасност од голомразица и лизгање. Се работеше во текот на ноќните часови со посипување на сол и ризла по најфреквентните улици, како и улиците каде поради специфичноста на теренот потешко се одвива сообраќајот (населби “Бараки”, “Стар Град”, приградски населби Рамне, Велгошти Велестово, Лакочереј, Коњско и др) . Сообраќајниците се третираа со специјална механизација, а веднаш беа мобилизирани и работници за рачно расчистување на пофреквентните тротоари и чаршијата.
Овие активности се спроведуваат согласно Прогарама за зимско одржување со однапред определени дежурни служби, дефинирана механизација, алати и критични точки.