Ново зелено катче (пресек на улиците „Јане Сандански„ и „Даме Груев„)
Во паркот лоциран кај пресекот на улиците „Јане Сандански„ и „Даме Груев„ (во близина на кружниот тек) деновиве се поставува систем за наводнување со што овој парк ќе добие трајно решение во поглед на полевање на садниците и тревниот дел. Откако ќе се заврши со фазата на поставување на ситемот за наводнување, ќе се пристапи кон комплетно реконструирање на тревната површина и засадување на украсни садници и сезонско цвеќе. Новото парковско решение ќе стане составен дел од мозаикот „Охрид-град на цвеќето 2012„.