Комуналец од ноќните часови на терен

Следејќи ја временската прогноза и најавите на метеоролозите, екипите на Ј.П.Охридски Комуналец, ноќеска уште во 2.00 часот излегоа на терен за расчистување на снегот. Беше ангажирана сета расположива механизација: 4 машини со нож, специјалните машини ИЦБ и РД и трактори со соларки. Покрај тоа ангажирани се и вработените од Јавна хигиена и зеленило кои рачно го расчистуваат снегот по пешачките зони и парковите. Бидејќи снежните врнежи за многу брзо време правеа покривка, на истите локации се делуваше во повеќе наврати. Екипите остануваат мобилни и сеуште се на терен и се делува на целата на територија на општина Охрид. Во ноќните часови се делуваше и кон селата Велгошти и Лакочереј, а во текот на денов се работи на патните правци кон селата Рамне, Велестово, Рача и др.

 

 

 

 

Share