Интензивирани активностите пред предстојните празници

Пред предстојните Новогодишни и Божиќни празници, екипите на Ј.П.Охридски Комуналец ги интензивираа своите секојдневни активности. Се заврши со новогодишното украсување на градот,  при што се употребени дел нови, а дел стари светлечки реквизити. Се украсија градскиот плоштад, кејот, парковите и кружните сообраќајници во градот. Естетската комбинацијата од светелчки тела, бои и украсни дрвца придонесоа  Охрид да пулсира во вистински предновогодишен амбиент и атмосфера.

Исто така, после снежните врнежи, улиците се метат и расчистуваат од нанесените абразивни средства и песок, а во парковите се собираат преостанатите паднати лисја.

 За новогодишните празници  е зацртана динамиката и утврдени се дежурни служби со кои ќе се интервенира во празничните денови.

 

Share