Дезинфекција на контејнери по „Булевар Туристичка„
Ј.П.„Охридски Комуналец„ синоќа изврши миење и дезинфекција на сите контејнери лоцирани на левата и десната страна од „Булевар Туристичка„. На оваа акција и претходеше детално расчистување на џебовите каде се сместени контејнерите. Акцијата се одвиваше координирано при што прво се празнеше поединечно секој контејнер, па се миеше, за на крај да се дезинфицира со прскање со специјално дезинфекциско средство. Целта на оваа акција е со превентивни мерки да се подобри одржувањето на услужната хигиена во летниов период.