Денес се расчистуваше крајбрежниот појас во Даљан

По налог на Комуналната инспекција, денес екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ го чистеа крајбрежниот појас во населба Даљан, на потегот од „Магнус„ до основното училиште Св.Климент Охридски во Даљан. Со овој простор стопанисува Министерството за одбрана, а е дадено на користење на Министерството за образование. На дел од просторот е поставен шанк, плажа со лежалки и други реквизити, но сепак никој не ја прифаќа обврската за одржување на хигиената на овој простор.

Акцијата започна во раните утрински часови, а беа ангажирани 8 општи комунални работници и 2 косачи.  Целиот просотр беше расчистен од наталожениот отпад (во најголем дел пластични шишиња и хартија), а тревата беше искосена. Во акцијата беа подигнати 10 м3 отпад.

Share