Успешно презентиран проектот „Охрид-град без комунален отпад„

На извршената презентација на проектот „Охрид-град без комунален отпад„ граѓаните на општина Охрид и пошироката јавност беа запознаени со исклучителната важност на овој проект во поглед на управувањето со отпадот.

Целта на овој проект е изградба на фабрика за рециклирање во индустриска зона на Охрид, каде би се носел целиот комунален отпад, кој како и досега ќе се собира на класичен начин, без претходно селектирање, а потоа се транспортира во фабриката, каде на автоматска континуирана линија се обработува, селектира, прочистува. Отпадот ќе се преработува 20 тони/час, а со линијата ќе ракуваат 25-40 вработени.Како резултат на обработката од фабриката излегуваат готови , веќе рециклирани суровини: пластика, хартија, стакло, алуминиум, метал, биоразградлив отпад и rdf гориво за цементари. Сите овие суровини ќе значат извор на средства,  со кои исплатливоста на инвестицијата ќе се врати за многу краток период. Во фабриката ќе се инсталираат филтерски станици за вода и воздух, со што ќе се избегне негативното влијание врз животната средина, потенцијалните ризици за биодиверзитетот, загадувањето на воздухот, почвата, подземните и површинските води. Со тоа и цената на реализација на овој проект станува непроценлива , за сметка на заштитата на човековата околина.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share