РЕАКЦИЈА на прес-конференцијата на Шокароски

По повод неоснованите обвинувања кои пратеникот Шокароски ги изнесе на вчерашната прес-конференција, Ј.П.”Охридски Комуналец” ги демантира искажаните невистини:

 –  Како прво, да му честитаме на Др.Шокароски што обвинувањата ги

прочита “од прва”, без разлика дали се напишани на хартија или на “идиот”;

 –  Му честитаме на храброста што во време кога неговите колеги штрајкуваат и се борат за своите права, во време кога охриѓани веќе трета година се без болница и во време кога во Македонија сеуште умираат деца од дезинтерија (како да сме афричко племе), има доблест да држи лекции како треба да се управува со локалната самоуправа и јавните претпријатија.

 Сепак не можеме како јавно претпријатие да останеме рамнодушни за изнесените небулози и лаги, па должни сме на охридската јавност да и’ ја кажеме вистината:

– Ј.П.”Охридски Комуналец” зема плата секој први во месецот и редовно ги подмирува сите обврски спрема државата;

 – Доколку вашите партиски другари од ВМРО-ДПМНЕ ги платат обврските кои ги имаат кон нашето претпријатие, тогаш ние навреме ќе ги платевме обврските кон ЕВН; (во време кога ваши кадри (ВМРО-ДПМНЕ) го водеа Комуналец струјата и воопшто не се плаќаше);

* Ќе Ви наброиме само дел од дожниците спрема нашето претпријатие:  здравствени институции (170.183,00 ден.); министерства (2.390.808,00 ден.); јавни претпријатија (4.171.347,00); резиденцијални вили на Претседателот и Владата (635.340,00);

* –  Ј.П.”Охридски Комуналец” во последните три години не се има задолжено со кредит, туку  отплаќа кредит од минати години.

 Вашата прес-конференција можеби успеа да го побуди вниманието кај граѓаните од Зрновци, Чешиново и Свети Николе, меѓутоа охриѓани добро знаат зошто јавната чистота и услужната хигиена во Охрид е на највисоко ниво, зошто снегот е исчистен и како се уредени градските паркови. Ако тоа не го гледате Вие, можеби ќе се уверите ако ја посетите Струга, каде со комуналното претпријатие раководи кадар од             ВМРО-ДПМНЕ.

 

Охрид,                                            Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид

04.12.2012 год.                                                        Директор,

                                                                              Сашо Алче

Share