Kако сте задоволни
со работата на
Ј.П. ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ?
Кажете го вашето мислење,
пофалба или критика
"КОМУНАЛЕЦ" ИМ ПОМАГА НА ПЕШТАНЦИ
По налог на Градоначалникот на Општина Охрид, Александар Петрески, од денес екипи на Ј.П."Охридски Комуналец" заедно со сета своја расположива механизација, се ставени на располагање на М.З.Пештани со цел да му помогнат на месното население кое претрпе огромни штети од поплавите. Со помош на механизацијата ќе се чистат одводните канали, ќе се чистат септичките јами и ќе се расчистува водата од поплавените подруми, дворови и други објекти. Оваа акција ќе трае и во наредните денови, се' додека за тоа има потреба.