Kако сте задоволни
со работата на
Ј.П. ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ?
Кажете го вашето мислење,
пофалба или критика
НАГРАДЕНИ РАБОТНИЦИ КОИ РАСЧИСТУВАА НА "АРИФ МУСТАФА"
Директорот на Ј.П."Охридски Комуналец" ги награди своите работници Лошкоски Наум и Муарем Адем кои неуморно работеа непрекинато 10 часови со специјаното комбинирано возило "ИЦБ" на ул."Ариф Мустафа". Имено, со зголемениот водостој на река "Грашница", истата почна да се излева на одредни делови од гореспоменатата улица. Екипите на Ј.П."Охридски Комуналец" веднаш излегоа на терен за да се санира состојбата и да се спречи понатамошно излевање на реката. Со специјалното возило се изврши продлабочување и ширење на речното корито, а беше отстранет и дел од цевководот. Исто така околу 30 вработени рачно поставуваа насип од вреќи со песок за да се заштитат околните куќи од излевање на водата.