|
 |
|
|
 |
Kако сте задоволни
со работата на
Ј.П. ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ?
Кажете го вашето мислење,
пофалба или критика |
|
|
|
|
| РЕАКЦИЈА |
По повод објавеното писмо "Нека зборува сликата, ама која?" во елекронскиот медиум "OHRIDNEWS" Ј.П."Охридски Комуналец" реагира за изнесените навреди кон вработените од ова јавно претпријатие.
Во реакцијата стои:
Сликите кои Ј.П."Охридски Комуналец" упорно речиси секое утро ги објавува за состојбата на Охридското Езеро и целиот отпад кој со себе го таложат езерските води по плажите, кејот и градското пристаниште, за жал никого не загрижија. Ако некому овие слики не му се допаѓаат, време е да излезе од виртуелниот свет и да се соочи со реалноста. На овој начин сигурно не можеме да го афирмираме Охрид како туристички бисер и промотор на Македонија. Нашите "манекени" секое утро се на терен и сигурно не позираат пред фотоапаратите, туку вредно, и во топло, и во ладно, и на дожд, и на снег, и во вода, го чистат сиот отпад кој "загрижените" го создаваат.Со тоа ја враќаат сликата во почетна состојба -слика со која можеме достоинствено да се представиме пред секој наш сограѓанин и турист. Но оваа слика трае само до наредното утро кога заедно со неизвршување на обрските од страна на Министерството за транспорт и врски над Охридското Езеро, испливуваат на површина "купиштата ѓубре" кои на некој со префинет вкус и нереален поглед на секојдневието, не му се допаѓаат. Верувајте - и на нашите комуналци-"манекени" би им било подобро кога би живаееле во вашиот виртуелен свет.
|
|
| 23 Feb 2010 - 06:15 by Ј.П. Охридски Комуналец |
Актуелно |
|
|