|
 |
|
|
 |
Kако сте задоволни
со работата на
Ј.П. ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ?
Кажете го вашето мислење,
пофалба или критика |
|
|
|
|
| "КОМУНАЛЕЦ" БАРА ОБЈАСНУВАЊЕ |
Ј.П."Охридски Комуналец" бара објаснување од Ј.З.У."Општа болница" Охрид, како и од Д-р Димитар Арнаудов за дадената изјава за "Супер радио" дека цитираме: "Загрижува податокот дека и по 10 граѓани во текот на еден месец бараат лекарска интервенција поради напади од кучиња скитници". Од јавното претпријатие се зачудени од каде ваквата констатација дека граѓаните се нападнати баш од кучиња скитници.
Директорот Сашо Алче одговорно тврди дека во последните години за сите случаи на каснување на граѓани од страна на кучиња се работело за домашни миленици, а не за кучиња скитници. Дури и за случајот кој го обременува буџетот на Ј.П."Охридски Комуналец" директорот Сашо Алче тврди дека се работи за ненавремено отужување на постапката зошто и овој случај го поврзува со домашен миленик. И последниот немил настан кој се случи со каснување на девојче во близина на Музичкото училиште беше од домашен миленик, а не од куче скитник. Притоа наши вработени кои во моментот го собирале сметот од тој дел на градот први му помогнале на каснатото девојче.
|
|
| 6 Jan 2010 - 12:40 by ADMINISTRATOR |
Актуелно |
|
|