Kако сте задоволни
со работата на
Ј.П. ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ?
Кажете го вашето мислење,
пофалба или критика
ПУШЕЊЕ НАДВОР, А ОТПУШОЦИТЕ НА УЛИЦА
Со стапувањето во сила на Законот за заштита од пушење, обемот на работа на Ј.П."Охридски Комуналец" многукратно се зголеми со одржување на јавната чистота по јавно-прометните површини. Отпушоците се фрлаат и оставаат насекаде: по тротоари, коловози, жардињери, во зелените површини и др. Тука голем проблем претставува што кафетериите, ноќните клубови и други правни субјекти од мал обем немаат обезбедено пред нивните објекти соодветни садови во кои може да се фрлаат отпушоците.
Треба да се почитува Законот за заштита од пушење но треба да се почитува и Законот за Јавна чистота со кој не е дозволено фрлање и оставање на отпушоци по јавно-прометните површини.