|
 |
|
|
 |
Kако сте задоволни
со работата на
Ј.П. ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ?
Кажете го вашето мислење,
пофалба или критика |
|
|
|
|
| ИСКОПОТ ЗАВРШЕН, НО НЕШТО ЗАБОРАВИЛЕ |
Пред околу два месеци Ј.П."Охридски Комуналец" ја извести јавноста и надлежните инстанци за ископот кој за потребите на А.Д."ЕСМ-ЕВН" се изведуваше на ул."АСНОМ" наспроти Р.Е."Механизација" од Ј.П."Охридски Комуналец". Направен е ископ во зелениот појас покрај патот со кој е оштетен дрворедот од засадениот дрворед од јавори од страна на Ј.П."Охридски Комуналец". Два месеци потоа сликата е следна :

Ископот е завршен, а оставени се купишта од градежен материјал покрај самиот пат. Според Законот за јавна чистота забрането е фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал (градежен шут) на јавни површини. Од Ј.П."Охридски Комуналец" се надеваат дека во најбрзо време ќе се интервенира и просторот ќе се исчисти од градежниот материјал.
|
|
| 16 Jan 2010 - 11:28 by Ј.П. Охридски Комуналец |
Актуелно |
|
|