Kако сте задоволни
со работата на
Ј.П. ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ?
Кажете го вашето мислење,
пофалба или критика
ohridkom@t-home.mk

Работните задачи на Работната единица “Градежни работи, Гробишта и Погребни услуги”  се следните:

 
  • Градежната група врши поплочување на улиците во градот, изградба на тротоари, поставување на коловозни и парковски ивичњаци, одржување на комплетната сообраќајна мрежа, тампонирање на улици, обработка на потпорни ѕидови од камен и бетон, како и други  активности околу партерното уредување на градот;  
  • Гробишта и Погребни услуги врши изградба, уредување, употреба и управување на градските гробишта, доделување гробни места, гробна евиденција, одржување на редот во гробиштата, вршење закоп на умрените, давање на погребни услуги: превземање, чување, опремување, спремање и превоз на починатиот до местото на закопот, услуги во мртвачницата-чување и изложување на одар на посмртните останки на починатите, поплочување, тампонирање, изработка бетонски корпи и жардинери, изработка на страничници, партерни плочки, хортикултурно одржување и сл.
Градските гробишта се лоцирани на локалитетот “Плитници” на влезот во Охрид и зафаќаат површина од околу 140.000 м2.  Реализацијата на проектот “Гробишта” се одвива во фази. Така прво се изградени основните потребни објекти, паркинг
простор, пристапни патеки, управна зграда, мртвачница, како и поголемиот дел од гробните места. Гробиштата се користат од Христијаните и Муслиманите и функционално се поделени во сооднос со бројот на жителите од соодветната вероисповест. Во тек е  изградбата на сакрален објект Црква во која ќе се извршуваат обредите за починатите со што се комплетира делот на услуги што може да се даваат во просторот
на Градските гробишта.  Како поприоритетни задачи на Ј.П.”Охридски Комуналец” - Охрид е експропријација на земјиште заради недостаток од нови гробни места.