Завршено расчистувањето на Мауцкер

Ј.П.„Охридски Комуналец„ заврши со расчистувањето на депонијата  „Мауцкер„ ,а во иднина истата тековно ќе се одржува. По поднесената апликација на општина Охрид до Министерството за животна средина, доделени се повеќе од два милиони денари за реализација на овој зафат. Во расчистувањето и рамнењето на теренот беа ангажирани два булдожери, еден багер и два камиони. Извршено е порамнување на 16.000 м2 градежен шут и тампонирани се 7.000 м2 со 2.500 м3 квалитетна земја. Дел од градежниот шут (5.000 м3) е дислоциран на друга локација во рамки на депонијата.

                                       каква е денес сликата од депонијата

како изгледаше претходно

Share