Започна реализацијата на Програмата за зимско одржување
Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец„ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови, започнаа подготовките и реализација на „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид”. Екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени се абразивни средства и дефинирани се улиците по кои ќе се делува според приоритет.
На повеќе локации депонирани вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да ги користат превентивно за справување со голомразица и снежни врнежи и тоа: „Стар Град„, У.З.„Гоце Делчев„ ( бараки), с.Елшани , с.Долно Коњско и по сите воспитно-образовни институции на територијата на општина Охрид.