Силното невреме повторно натрупа огромни количини отпад по кејот

Силното невреме кое го зафати охридскиот регион изминатиот викенд повторно натрупа огромни количини отпад и трска по охридскиот кеј и пристаништето.  Во неделата уште од раните утрински часови се излезе на терен и се санираа последиците од силниот јужен ветар и големите бранови. Се чистеше потегот од пристаништето до Холандскиот Парк. Ангажирана беше и специјална механизација за подигање на отпад (подигнати се и транспортирани околу 30 м3 отпад).

Утрово по стабилизација на временските услови повторно се расчистуваше кејот и подигнати се околу 15 м3 отпад, а во текот на утрешниот ден повторно ќе се расчистува локалитетот Мазија.

 

Share