Се реконструираат дрворедите на „Туристичка„ и „Асном„
Заради поволните временски услови екипите на „Паркови и зеленило„ започнаа со реализирање на годишната програма за 2018 год. за подигање и реконструкција на јавното зеленило на подрачјето на општина Охрид.
Екипите се на терен и се надополнуваат дрворедите на двете страни на ул. „Булевар Туристичка„ потег кружен тек кај гимназија до спортската сала „Билјанини Извори„, како и на ул.„Асном„ потег ул.„Кеј Македонија„ до пресек со ул.„Булевар Туристичка„. На овие локации ќе се засадат 70 нови садници од видот јавор и јасен.