Расчистен манастирскиот комплекс „Свети Наум„
По одбележувањето на празникот посветен на светителот Св.Наум, денеска уште од раните утрински часови екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ пристапија кон расчистување на туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум„. Комплексот е расчистен од влезот до манастирот, плажата, пристаништето и сите пристапни патеки. Подигнат е комуналниот отпад, хартија, картонската амбалажа и др. од јавните пешачки и зелени површини. Овие активности се спроведоа по договор со Дебарско-кичевската епархија.