Повторно уништена урбана опрема
Вандалски чин повторно резултираше со откорнати корпи за отпадоци во градскиот парк и во близина на плоштадот Крушевска Република.
Ј.П.„Охридски Комуналец„ неодамна издвои средства за набавка на нови садови за депонирање на ситен отпад со современ дизајн, а веќе истите почнаа да се уништуваат. Оштетена е корпа во близина на плоштадот Крушевска Република која насилно е откорната од своето лежиште
и друга корпа пред споменикот „Св.Кирил и Методиј„.
Во изминатиов период во повеќе наврати се оштетени корпи, клупи и украдени се или оштетени садници. И овој пат ќе апелираме за поцивилизиран однос и совесно однесување кон урбаната опрема.