Комуналец се справува со новите снежни врнежи

Со новите снежни врнежи екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ уште од синоќа се мобилизираа и ангажирана е расположивата механнизација. Коловозите со специјална механизација се расчистени и посипани со абразивни средства (делувано е  во централното градско подрачје и селата според приоритет, како и познатите „црни точки„ со голема накосина каде постои опасност од излизгување на возилата).

Јавните пешачки површини цела ноќ работниците ги расчистуваат рачно и се обезбедува проодна патека по која можат да се движат пешаците, како би се обезбедил безбеден пристап до јавните институции , образовните и здравствените установи и сообраќајниците.

И во текот на денот активно ќе се расчистуваат јавните површини, притоа апелириме до граѓаните за трпеливост, расчистувањето се одвива според приоритет, ќе се пристапи  кон расчистување и на споредните улици и сокачиња.

Притoа ги потсетуваме граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат кон законската обврска според Законот за јавна чистота, активно да се вклучат и да ги расчистат приодите кон нивните објекти.

Share