Комуналец максимално ангажиран изминатиот викенд
Оперативните служби при Ј.П.„Охридски Комуналец„ беа максимално ангажирани изминатиов викенд кога на охридското крајбрежје престојуваа огромен број на туристи. Се расчистуваа локациите каде се одржуваа најразлични манифестации и концерти, како и фреквентните улици во центарот на градот, зелените површини, коловозите, пешачките патеки и просторот околу јавните добра.
За затекнатата состојба од терен во раните утрински часови зборуваат фотографиите од различни локации низ градот:
Спортски стадион „Билјанини Извори„ по одржаниот концерт на ден 27.07 2018 год.
Спортски стадион „Билјанини Извори„ по одржаниот концерт на ден 28.07 2018 год.
локации во централно градско подрачје во изминатиот викенд
За подигнување на собраниот отпад беше ангажирана расположивата механизација и ресурси и сите површини се темелно расчистени.