Екипите на Комуналец на терен

Сите оперативни групи на Ј.П.„Охридски Комуналец„ се на терен уште од вчерашните попладневни часови за справување со интензивните снежни врнежи.  Делувано е со сета расположива механизација, работна сила и ресурси: во повеќе наврати се расчистуваа коловозите, јавните пешачки површини, пристапни патеки и степеници. Но интензивните врнежи и специфичниот снег повторно формираа покривка.

Се расчистуваа и патиштата до повеќе приградски населби, а екипите на „Паркови и зеленило„ во текот на ноќта ги расчистуваа скршените гранки и дрвја на повеќе локации: близнина на Горна Порта, на ул.„7-ми Ноември„, „Булевар Туристичка„ и стариот пат кон Струга (во близина на „Св.Еразмо„) .

Со расчистување на снегот од јавните површини ќе се работи интензивно во текот на денов, како би им обезбедиле на граѓаните непречено движење.

Share