Чистење на плажата Грашница

Денес екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акција за чистење на крајбрежниот појас во месноста Грашница, на потегот од вливот на река Грашница до Калето.

Плажата е расчистена од отпадот кој е натрупан од езерските води: најзастапена беше езерсктаа трска, но и тешко разградлив комунален отпад и отпадоци од пластика,  хартија, лименки  и др.

Share