Се уредуваше ул Железничка и се чистеа мастики за џвакање од чаршијата
Денес дел од екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец”, по барање на У.З. “Железничка”, извршија акција за расчистување на ул. “Железничка”. Се косеше нараснатата трева покрај тротоарите и жардинериите и се кастреше неуредната вегетација со цел подобра прегледност на возилата и безбедност на пешаците. Друг дел од екипите, по налог на комунална инспекција, беа ангажирани со чистење на мастики за џвакање, како и секоја година на крајот на сезоната, во чаршијата “св. Климент Охридски” на потегот од чинарот кај плоштадот “Крушевска република”, до големиот плоштад кај “Летница”. Акцијата се започна утрото од 3 часот и траеше до 9 часот поради помала фреквенција на пешаци во тој дел од денот, и погодените временски прилики и за итата беа ангажирани 6 комунални работници.