Се реализираат барањата на урбаните заедници Радојца Новичиќ и Гоце Делчев (Бараки)

Денес дел од екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец”, покрај тековните активности, беа ангажирани на уредување на потегот од амбулантата во нас. “Црногорци”, до пресекот на ул. “Кленоец” со ул. “Петрино” долж охридската касарна, каде се изврши косење на израснатата трева на тротоарите и кастрење на неуредната вегетација со цел подобра прегледност на возилата и побезбедно движење на пешаците. Друг дел од екипите беа ангажирани во населбата “Гоце Делчев” (кај бараките), каде што се чистеше околу игралиштето во паркот после реакцијата на граѓаните дека се собирале млади луѓе кои дивееле во вечерните часови. Во наредните денови ќе се продолжи со комплетно косење и уредување во населбата.

Share