Се отстранија бетонските жардиниери на кеј Македонија
По налог на Фондот за комунален развој и секторот за сообраќај на општина Охрид, од страна на службите на Ј.П. Охридски Комуналец, со специјално возило (пајак) беа отстранети бетонските жардиниери кои го попречуваа сообраќајот на кеј “Македонија” на потегот од кружниот тек на плоштадот до хотелот “Палас”, согласно завршување на летниот режим на сообраќај, заклучно 31.08.2017.