Се чистеше расфрлан отпад од станарите кај зградите на Никола Карев и Туристичка

Денес се изврши чистење на просторот кај комплексот згради на ул. “Никола Карев” и бул. “Туристичка”, околу трговскиот центар “Трудбеник”. Се чистеше комунален отпад коj е расфрлан од страна на околните станари во дворовите на зградите. Иако не се работи за јавна површина во која Ј.П. “Охридски Комуналец” има надлежност, сепак во интерес на јавната хигиена и грдата слика која се гледаше, се изврши чистењето. Апелираме до надлежните куќни совети дека во однос со законските надлежности, нивна е одговорноста за чистотата и хигиената на просторот.

Share