Повторно оштетени садници на пешачката патека

Од страна на екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” утринава повторно беше забележано оштетување на садниците на патеката од мостот до “Горица”. По кажување на пешаците и чуварите на плажите, после забавата во дискотеката “Парк”, во раните утрински часови, биле забележани откорнати садници и расфрлани по патеката, искршена чешма, откорнати 4 дрва од кои 2 се пронајдени и повторно засадени, едно е скршено и едно не е пронајдено. Истата појава се случува секојдневно и после апелите на претпријатието да не се уништуваат добрата кои се направени и за кои е многу вложено.

Share