Од активностите на Ј.П. Охридски Комуналец

Покрај тековните активности во градот, Ј.П. “Охридски Комуналец” овие денови своите активности ги прошири и во околните населени места. Се расчистува отпадот, се косат тревнати јавни површини покрај улиците и тротоарите и се сечат грмушките и капините, поради зголемена прегледност за возилата и слободно движење на пешаците. Со оваа акција се опфати с. “Велгошти”, каде што се работеше 2 дена, денес екипите се во с. “Лескоец”, а во текот на утрешниот ден се продолжува во с. “Косел”. Со акцијата ќе се продолжи во сабота во с. “Пештани”, а во текот на наредната недела ке бидат опфатени с. “горно и долно Лакочереј”, с. “Подмоље” и другите околни места.

Share