Исчистена дива депонија наспроти бензинската Окта на Туристичка
Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” повторно на терен за машинско расчистување на дива депонија создадена од несовесните граѓани наспроти бензинската “Окта”, покрај игралиштето кај плавобелите згради. Подигнати се големи количини на градежен шут, електрични апарати, зелен отпад и др.
Повторно апел за граѓаните да се придржуваат на хигиената, отпадот да се депонира на местата предвидени за тоа и да не се создаваат диви депонии кои ја уништуваат околината и животната средина.